| четврток, 6 декември 2018 |

Се преврте камион со 40 мигранти, возачот избегал

Камион кој превезувал околу 40 мигранти слета на патот денеска околу 13.00 часот во селото Острово, пред влезот во тунелот на патот Пирот – Ниш. Очевидците на оваа несреќа рекле дека каминот ја пробил банкината и слетал од коловозот, но поголемиот број од мигрантите не се повредени.

Итната помош од Ниш ги згрижила повредените и тие се префрлени во Ургентниот центар на детални прегледи и лекување.

Како што инормираат од српската полција, возачот кој го управувал камионот полн со мигранти веднаш се дал во бегство, полцијата трага по него.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top