| четврток, 6 декември 2018 |

Taa шета низ светот без да потроши денар, еве како успева во тоа

Натали Вуд од Кентербери (Англија) ги посетила сите континенти и престојувала во луксузни хотели, а за тоа не издвоила ниту една фунта.

Сигурно се прашувате како успеала во тоа? Таа едноставно направила профил на сајт за запознавање, на кој луѓето плаќаат за да им правите друштво на патувања.

5ad8276ec972d007b9a64b032915ec15

На тој начин Натали ги посетила Турција, Абу Даби, Дубаи, Малдивите, Австралија, Чешка, Кувајт и Мајами.

Покрај тоа што и` биле платени летот и сместувањето, таа често добива и бесплатни козметички третмани, како и многу подароци. Бидејќи луѓето со кои патува уживаат во луксузот, тука се и јахтите, раскошните вили и богатите забави.

35942AD300000578-0-image-a-23_1466673115675

PAY--TRAVEL-DATING

-Јас ги обожувам патувањата и затоа одлучив на сајтот да најдам луѓе кои ја делат мојата страст. Во изминатите две години бев на околу 80 состаноци со луѓе од целиот свет. Јас сум искрена во тоа што го барам. Разгалена сум и го сакам луксузот, објаснува Натали.

Повеќето мажи со кои патува се малку постари од неа. Тоа се успешни бизнисмени кои се уморни од патувањата на кои се сами, а имаат доволно средства да ја поведат Натали со себе. Меѓутоа, таа не работи како ескорт дама.

PAY-TRAVEL-DATING

-Јас го сакам луксузот, а овој начин на живот тоа ми го овозможува. Јас не го исклучувам сексот како опција, но важно е мажот да ми се допаѓа и да ми биде привлечен. Сексот за мене не претставува контра услуга, туку дел од уживањето. Притоа не патувам со било кој, туку одбирам, вели Натали.

Во јуни била во Кувајт, каде што со меѓународниот сметководител го истражувала неговиот крај.

-Негов пријател има јахта со скутер и ние цела недела се забавувавме во луксузни вили. Не потрошив ни фунта додека бевме таму, дури ми даваше пари за да си купам дизајнерска облека. Нашиот однос е чисто платноски, дури бевме во различни апартмани, вели Натали.

PAY--TRAVEL-DATING (1)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top