| четврток, 6 декември 2018 |

Шулц: Велика Британија да го официјализира барањето за излез од ЕУ

Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц побара Велика Британија уште во вторник да поднесе молба за излегување од Европска унија по одлуката на Британците за Брегзит.

шулц

– Сега очекуваме британската Влада да премине од зборови на дела. Самитот во вторник е соодветен момент за тоа, посочи Шулц за „Билд ам зонтаг“.

И други високи претставници на ЕУ апелираа Велика Британија брзо да ја напушти Унијата за да се избегне период на несигурноста за останатите 27 земји-членки.

Во меѓувреме, високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини изјави дека по одлуката на Британците важно е Унијата да покаже единство во борбата против растечките глобални предизвици.

– Целта, дури и постоењето на нашата Унија се доведени под прашање. Сепак, на нашите граѓани и на светот потребна им е силна ЕУ како никогаш порано, истакна Могерини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top