Фотографијата од Србинот и Хрватицата кои се бакнуваат го обиколи целиот регион и предизвика позитивни рекации.
Мими и Тифи се сликнаа во дресовите на Србија и Хрватска, но такашто тој го облече дресот на хрватската репрезентација, додека таа српскиот. Така и настана фотката со Србинот и Хрватката која многумина ја симболизираа со љубовта меѓу овие две земји и нивната иднина.
Се запознавме пред 3 години, нејзината најдобра другарка и мојот најдобар другар сега почнаа врска и така дојде до тоа да отидеме заедно на езеро, на 26 август ќе славиме двегодишнина“, изјави Мими.
И двајцата живеат во Германија, и велат дека не прават разлика меѓу нацијата и вероисповедта.
-Ние живееме во Минхен, овде речиси никој не не критикуваше, воглавно ништо не рекоа затоа што овде во странство живеат и Срби и Хрвати, муслимани сите заедно и сите се дружат. Славиме кога ќе победи некоја нација во спортот и плачеме кога ќе изгуби, вели Тифи.
Иако е роден во 1995 година и не ги почуствувал последиците од војната на овие простори, се смета како многу важна порака која тој и неговата девојка сакаа да ја испратат.
-Не сакавме да испратиме порака само за Хрватите и Србите, туку на цела поранешна Југославија, дека треба да шириме љубов, а не војна, додаде тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст