| четврток, 6 декември 2018 |

Почина еден од најдобрите македонски гитаристи Аријан Љани

Еден од најдобрите македонски гитаристи Аријан Дема Љани почина вчера во Скопје по долга и тешка болест.

Љани, роден во 1957 година освен гитарист, беше и композитор и музички аранжер, а стана познат како член на групите „Пу“ и „Лева Патика“ на крајот на 70 години од минатиот век.

Заедно со Драгиша Солдатовиќ, Владимир Јанкуловски и Димитар Чочоровски Љани свиреше и во групата „Ден за ден“. Тие снимија албум со истиот наслов и го промовираа на Бум Фестивалот и на Фестивалот за млади во Суботица како и на Фестивалот во Опатија. Од тој периот позната е композицијата „Циганка”.

Подоцна Дема ја продолжи својата кариера во странство, во Шпанија, Германија и Белгија.

По враќањето во Македонија Дема ја продолжи кариерата со неговиот стар пријател и музичар Рамиз Јусуф Цики, кој исто така беше член на „Пу“ и „Лева Патија“. Тие заедно снимија албум насловен „Заложник”.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top