Прилеп е подготвен за одржување на 14. фестивал на пивото што ќе се одржи од 14 до 17 јули.
И оваа година се очекуваат над 350.000 посетители на четирите фестивалски вечери од земјава и од Балканот.
На 20.000 квадратни метри ќе бидат поставени околу 30 штандови, на гостите им се на располагање околу 20.000 паркинг-места, хотелските капацитети и приватното сместување се речиси исполнети, а место се бара и во околните градови. За да се обезбеди подобра услуга, ќе биде продолжено и работното време на сите трговски и угостителски објекти во градот.
Фестивалот на пивото и оваа година најавува одлична забава со македонското девојче Каролина Гочева, Crossroad Blues Band, познатата ска–панк група од Белград „Самостални референти“, Fly Project, Raphael, Тропико Бенд, Рада Манојловиќ, Хари Мата Хари, Александра Радовиќ, Миле Кузмановски, Bang La Decks, Дејан Петровиќ, Парни Ваљак како и познатата балканска ѕвезда Аца Лукас.
Ова се точните термини на изведувачите на сцената:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.