| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца уапсени во антитерористичка операција во Белгија

Белгиската полиција спровела антитерористичка операција во рамките на којашто се уапсени двајца мажи, соопшти во саботата сојузното обвинителство

Според портпаролот на обвинителството, операцијата била спроведена ноќта кон саботата. Притоа истакнал дека сé уште е многу рано да се зборува за тоа дали уапените планирале да извршат терористички напади на териториите на Белгија и на соседна Франција.

Минатата седмица во медиумите беше објавена информацијата според која во Белгија и Франција од Сирија се упатиле две групи екстремисти чија намера била да подготват и изведат масовни терористички напади слични на бриселските од 22-март годинава, и париските од ланскиот 13-ти ноември, со вкупно повеќе од 150 жртви.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top