Шефовите на дипломатиите на шест држави основачки на Европската унија (ЕУ) по состанокот на ЕУ во Берлин порачаа Велика Британија веднаш да ја почне процедурата за излез од Унијата.
Се наведува дека тоа е неопходно за ЕУ да не биде во состојба на „лимба“, а Франција побара новиот британски премиер веднаш да ја преземе должноста.
Министрите за надворешни работи на Германија, Франција, Холандија, Италија, Белгија и Луксембург се согласни дека Лондон не смее да ја одложува комплексната процедура за излегување од ЕУ.
– Британија мора под итно да го активира членот 50 од Лисабонскиот договор кој овозможува да почнат преговорите за излегување од ЕУ – изјави францускиот министер за надворешни работи Жан Марк Еро.
Тој истакна дека во интерес на Британија и на европјаните е да се избегне периодот на неизивесност кој би донел финансиски последици и кои би можеле да имаат и економски и политички последици.
– Не може да се однесуваме по старо – рече Дидије Рејнолд, министерот на Белгија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.