Никола Груевски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во обраќањето пред партискиот подмладок, се наврати на проектот „Македонија вработува 2“. Со овој проект, во неговата прва фаза за една година се отворија 19 илјади нови работни места. Ова е нова шанса, нова можност, и за младите, и за невработените и за компаниите во Македонија. Затоа е ВМРО тоа што е, народна партија и партија која дава силна поткрепа на бизнисот истовремено. Во некои од овие ранливи категории може да се најдат и млади лица, а некои може да се нивни родители, посочи Груевски на 25-тата годишна конференција на УМС.
-И кога станува збор за нашата борба за отворање на нови работни места, да не заборавиме, проектот Македонија вработува 2, кој го најавив во неделата, веќе е во парламентот на усвојување, и наскоро за некоја недела ќе даде повторно можност за секој млад невработен човек до 35 години, во наредната една година, кој некој ќе го вработи да нетреба да плаќа ниту придонес за пензиско, ниту придонес за здравство, ниту за придонес за вработување, ниту пак персонален данок на доход во период од 3 години, со обвркса да мора да го задржи на работа уште најмалку една година.
За секој еден невработен млад човек во Македонија до 35 години! За секој еден, и за оние од ВМРО, и за оние од СДСМ, и за оние од ДУИ или ДПА, и за оние кои се водруги или во ниту една партија, и за македонците, и за албанците, и за турците, ромите, србите, бошњаците, власите и сите останати во Република Макдонија. Ние даваме шанса за секого. И тие кои не подржуваат, и оние кои не не подржуваат.Ние сакаме и ним да им помогнеме.
И не само тоа. Овој проект, предвидува специјални поволности и за повозрасните.Некои млади се во возраст кога бараат работа. Но некои млади се на во возраст кога одат во средно училиште, или студираат. Тие во тие години неможат да работат и се зависни од нивните родители. Од нивната помош, финасирање и парична подршка. Овој проект се грижи и за родителите на младите. За оние на возраст од 35 до 50 години кои во тој период не работеле подолго од 5 години и кои се без работа, а кои со овој проект на работодавачите им се дава поволност ако ги вработат, цели 5 години да не плаќаат придонеси за пензиско, здравствено и придонес за вработување, со барање да ги задржат уште најмалку 1 година на работа. Уште подобри услови предвидени се и за оние над 50 години, и над 58 години кои најтешко доаѓаат до вработување, а не ги заборавивме и најранливите, самохраните родители, еднородителски семејства, лица со инвалидитет, родители кои имаат деца со пречки во развојот, деца од дом без родители, професионални војници по нивната 45 година и неколку други- посочи Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии