| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија ќе ѝ стави крај на оваа политичка игра, колку подоцна има избори толку поголема ќе биде казната кон СДСМ

gruevski ums 4

Со ваков наш пристап, и со вакво СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ е сигурен победник на следните избори, кога и да се. Што порано – подобро, за да се скратат штетите на економијата, што всушност се директни штети врз грбот на народот, на невработените, сиромашните, компаниите и целото општество. СДСМ смета дека колку подолго има такви штети по економијата, дека тоа оди во нивна корист, во смисла дека луѓето ќе помислт дека оддеднаш сме заборавиле да ја водиме економијата како што ја водевме, па треба нив да ги одберат на избори. А штети има. Иако успеваме да ја држиме економијата со стабилен раст, факт е дека без оваа вештачки наметната криза, растот на економијата ќе беше поголем, и ќе имаше и повеќе инвестиции и вработувања и повисок стандард, плати, и заработка, што ќе го подобреше животот.

Нашите опоненти, одговорот ќе го дадат граѓаните на следните избори. Колку подоцна се одржат, поголема ќе е казната кон СДСМ заради овие негови политики.

Во наредните 4 или 10 месеци, како и да е, Македонија ќе стави крај на оваа политичка игра и политичка хајка. Избори ќе има, и довербата ќе ја добие повторно ВМРО-ДПМНЕ заедно со УМС како еден од клучните наши столбови.

Заедно со вас, и заедно со сите граѓани на Македонија кои сакаат да помогнат во понатамошниот развој на земјата, ќе продолжиме да се бориме за нови победи на Македонија и народот во неа. За нови успеси, нов напредок, нови достигнувања, нови работни места, нови шанси и можности на младите луѓе во Македонија, за успесите на секој поединец, секоја индивидуа, но и за заедничкиот успех, за нови и повисоки стандарди, поквалитетен живот, остварување на стратешките цели на земјата, и се разбира за државните и националните интереси на Република Македонија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top