| четврток, 6 декември 2018 |

Не ветуваме напразно: 40 проекти за младите, ветено, реализирано и продолжува

Кога ВМРО-ДПМНЕ дава ветување, тоа не останува на празни зборови. Неодамна, излеговме со 40 проекти за младите. Иако, сите тие ги ветувавме за после изборите, дел од нив веќе се применуваат, или масовно се користат, почнуваат со градба, или се во градба, или се проектираат.

 

Па така, преку мерката бесплатен железнички викенд за млади до 27 години, која беше проширена со уште еден слободен викенд, поточно секој прв и трет викенд во месецот, од почетокот на воведувањето до месец мај веќе ја искористиле 67 900 млади луѓе, при што заштедиле 383 илјади евра, пари кои останале во џебот на младите луѓе.

Покрај оваа мерка претходно беше обезбедена и мерката бесплатен, односно слободен четврток за студенти со којшто се обезбеди бесплатен железнички сообраќај, бесплатна посета на култури државни установи и користење на жичарницата на Водно, при што ваквата можност ја искористиле 69 илјади студенти, и заштедиле дополнителни над 270 илјади евра. Иста ваква мерка обезбедивме и за средношколците, и се нарекува средношколска среда, а досега почнувајќи од први јануари овој проект го искористиле над 8 илјади средношколци со што заштедиле над 32 илјади евра. Ветено за младите – реализирано, и продолжува, вели Груевски.

Апсолутно успешна е и мерката бесплатен јавен превоз за сите редовни студенти на државните универзитети. Од јануари па се до оваа недела мерката ја искористиле над 21 илјада студенти, при што месечно овие луѓе заштедуваат над 21 милион денари односно 342 илјади евра. За ова, морам да напоменам, покрај владата, голема заслуга има и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, и советниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, во советот на град Скопје.

Покрај Купи куќа, купи стан“ се обезбеди и проектот „Купи куќа за млади“ при што преку овие два проекти обезбедија кров над глава над 900 семејства кои претходно немаа свој дом.

Досега се одобрени субвенции во износ од скоро 6 милиони евра за двата проекти, од кои за „Купи куќа за млади“ кој стартуваше неодамна и со кој за млади луѓе до 35 години се овозможува до две третини покривање на трошоците за градба или купување на куќа, досега се одобрени 261.000 евра – проект кој започна оваа година и досега 13 семејства го остварија својот сон, со огромна, неповторлива помош од владата предводена од ВМРО да дојдат досвоја куќа.

Интересот за двата проекта е голем, а особено интерес има кај младите луѓе за „Купи куќа за млади“ и очекуваме до крајот на годината износот на доделени субвенции значително да се зголеми. И едниот и другиот проект се голема поддршка за граѓаните, а пред се младите кои немаат сопствен дом да решат едно големо животно прашање, а дополнително се работи со општините чии градоначалници се од ВМРО-ДПМНЕ кои се ангажирани за изработка на типски населби односно понуда на локации за изградба на куќи за овој проект.

Конкурсот за проектот бесплатно патување за најдобрите студенти за академската 2015/2016 година како што ветивме беше објавен во текот на месец март и по направената селекција, согласно наведените критериуми, 25 студенти по сопствен избор одлучија да патуваат во Барселона. Патувањето е реализирано во текот на мај со што остваривме уште едно наше ветување. Проектот продолжува ќе се спроведува и наредната година.

И останатите проекти од 40 те се придвижени и се подготвуваат. И оние 5 проекти кои ги ветивме за земјоделците се подготвуваат, каде државата ќе од следната година ќе помага со 80 осто од трошоците за системи капка по капка, и за набавка на високо расен добиток, и останатите земјоделски проекти како оној со земјоделски советници, централна земјоделска берза и проектот од град во село за нов почеток.

Тоа е една од големите разлики меѓу ВМРО и СДСМ. Не ветуваме напразно. И така и ќе продолжиме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top