Ноќва во 03.00 часот помеѓу железничката станица-Скопје Север и железничката станица-Ѓорче Петров, поточно кај надвозникот кај н.м. Визбегово, непознати лица извршиле каменување на патнички воз кој сообраќал на релација Скопје – Кичево.
Притоа било скршено едно неподвижно прозорско стакло од вагон, додека повредени патници нема.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
Ова е втор ваков инцидент во последните десет дена, но ваквите напади и оштетувања на патничките возови алармантно зачестија во последниот период. Покрај каменувањата, во кои за среќа досега нема повредени патници, неодамна се случија два слични инцидента каде камења, дрва и контејнер беа поставени на железничката пруга.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


