| четврток, 6 декември 2018 |

Четири автомобили се судрија на автопат, сообраќајот во прекин неколку часа

Вчеравечер околу  20.10 часот на магистралниот пат А1 кај с. Градец се случила сообраќајна незгода помеѓу четири возила: „спарк“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.Т. (39) од Неготино, „фиат дукато“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Д. (29) од Гевгелија, „рено клио“ со велешки регистарски ознаки, управувано од П.Л. (34) од Градско и  „ауди А3“ со дипломатски регистарски ознаки, управувано од П.И. (35) од Р. Грција, со престојувалилште во Скопје.  Во незгодата добиле повреди сопатниците во возилата: Т.Ц., Т.С и италијанската државјанка М.К.П., на кои им била укажана лекарска помош во општата болница во Велес и им биле констатирани телесни повреди, по што се пуштени на домашно лекување.

Увид извршила екипа од ПС Валандово. Сообраќајот бил во прекин од 20.40 до 23 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top