Македонската ракометна репрезентација ќе го стартува Светското првенство во Франција со дуелот против селекцијата на Тунис.
Откако вчера ги дознаа противниците на мундијалот, утрово македонските ракометари и стручниот штаб го дознаа и распоредот на натпреварите.
Македонија ќе игра во групата Б, чијшто домаќин ќе биде градот Мец, а избраниците на Лино Червар на стартот, на 12 јануари, ќе ги одмерат силите со Тунис, селекцијата која е голем должник на „црнено-жолтите“ од олимпискиот квалификациски турнир во Гдањск. Натпреварот ќе се игра во терминот од 17 часот и 45 минути.
На 14 јануари, противник ќе биде аутсајдерот во групата Ангола (20.45 часот), додека два дена подоцна (16 јануари) следи пресметката против Словенија (17.45 часот), во кои еден наспроти друг ќе се најдат ривалите Лино Червар и Веселин Вујовиќ во улога на селектори.
Токму во овие три натпревари Македонија ќе треба да ја бара шансата за прогрес во осминафиналната рунда, бидејќи во последните две кола 18 и 19 јануари следуваат дуелите со фаворитите Шпанија (20.45 часот) и Исланд (17.45 часот).
Место во главната фаза ќе обезбедат првопласираните четири селекции, додека петто и шесторангираните репрезентации ќе играат за пласман на „Президент купот“.
Светското првенство ќе се одржи од 11 до 29 јануари во Франција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст