Одлуката на Британците на вчерашниот референдум за излез од ЕУ очекувано предизвика противречни реакции во останатите земји-членки на Унијата.
Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, утрово изјави дека ЕУ била подготвена за „Брегзит“ и за одлуката на британските гласачи да ја напуштат Европската Унија.
Во првата изјава на официјален Брисел по референдумот, Туск рече дека по одлуката за излегување на Велика Британија, нема да има никаков правен вакуум и дека ЕУ продолжува да функвинира и натаму спроведувајќи ги сите свои обврски.
– Ова е навистина една од најтешките години за Унијата во нејзината историја, но ЕУ останува и таа функционира како и обично – рече Туск.
Брисел инсистира дека нема „ниту хистерија, а ниту паника“ околу британското заминување и иднината на Унијата.
Туск одби да ги коментира настаните во Велика Британија објаснувајќи дека се чека официјалната изјава на британската влада, освен што најави вонредна средба на лидерите на 27 земји-членки за натамошните чекори на Унијата.
Германскиот министер за надоврешни работи, Франк-Валтер Штајнамајер, во својата реакција на резултатите од референдумот изјави дека денеска е тажен ден за Европа.
– Веста од Велика Британија е навистина разочарувачка. Ова е тажен ден за Европа и за Велика Британија, наведе Штајнамајер на профилот на „Твитер“ на германското Министерство за надворешни работи.
На својот профил на „Твитер“ германскиот вицеканцелар и министер за економија, Зигман Габриел, напиша: „По ѓаволите. Лош ден за Европа“.
Европската народна партија (ЕПП), која е најбројна групација во Европарламнетот, оцени дека сега преговорите за британското напуштање на ЕУ треба да завршат брзо во двегодишен период, како што е наведено во Лисабонскиот договор.
Спротивно од проевропските сили, десничарските и радикалните партии низ Европа слават откако Британците изгласаа напуштање на ЕУ.
Францускиот Национален фронт истакнува дека тоа е победа на антиевропските и антимиграциските позиции во Европа и побара организирање референдум и за излез на Франција од ЕУ.
– Слободата на народот секогаш победува! Честитки, Велика Британијо! Сега нам ни е редот! – напиша Флоријан Филипот, потпретседателот на Националниот фронт.
Холандскиот антимигрантски десничар Герт Вилдерс, исто така, побара референдум за излез на Холандија од ЕУ.
– Сакаме промена во нашата земја. Сакаме наши пари, наши граници, наша миграциска политика – истакна Вилдерс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст