| четврток, 6 декември 2018 |

Дејвид Камерон поднесе оставка

brexit-beckons-as-97-of-britons-think-david-cameron-cant-get-a-better-eu-deal

Британскиот пермиер Дејвид Камерон денеска соопшти дека заминува од функцијата.

– Се борев за оваа кампања на единствениот начин на којшто знаев, дикретно и страствено. Мислам дека на земјата ѝ е потребно ново лидерство. Нема да биде во ред за мене да се обидам да бидам капетан кој ја управува земјата на нејзината следна дестинација – изјави Камерон.

Тој додаде дека ќе продолжи да ја врши позицијата во наредните неколку месеци.

Неименуван помошник во кабинетот на Камерон денеска изјави дека по вчерашната референдумска одлука за напуштање на ЕУ, Велика Британија сега се наоѓа на непозната територија.

– Ние сега сме на непозната територија. Сите се многу уморни. Не сме спиеле – изјави неименуваниот претставник откако нецелосните резултати од референдумот покажаа дека граѓаните на Велика Британија одлучија земјата да ја напушти Европската унија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top