| четврток, 6 декември 2018 |

Затворени избирачките места во Велика Британија, дали земјата останува во ЕУ или не ќе се знае утре

Сите избирачки места во Велика Британија се затворени точно во 23 часот по средно европско време. Конечните резултати од референдумот за иднината на Обединетото кралство во Европската унија ќе бидат познати во текот на утринските часови, оценува британската изборна комисија.

392214-britancite-glasaat-za-ostanuvanje-ili-zaminuvanje-od-eu

По затворањето на избирачките места, запечатените кутии со гласачките ливчиња веќе се носат во местата за броење гласови за секој од 382-та локални центри, кои ги претставуваа 380-те области во Англија, Шкотска, Велс, Северна Ирска и Гибралтар.

Британската изборна комисија информира дека во поедини региони, резултатите ќе бидат објавени во текот на ноќта, заедно со резултатите од 11 насионални и регионални центри. Според проценките на изборната комисија, Сандерленд и и општината Вондсворт во Лондон, ќе бидат меѓу првите во кои ќе биде завршено пребројувањето на гласовите, а тоа е околу половина час по полноќ по локално време.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top