| четврток, 6 декември 2018 |

Анкета: 52 отсто Британци сакаат во, а 48 отсто вон ЕУ

Испитувањето на јавното мнение што го спровела агенцијата Ipsos MORI објавена неколку часа по започнувањето на гласањето во четвртокот покажува дека 52 отсто од британските гласачи сакаат останување, а 48 проценти се за излегување на Велика Британија од Европската унија.

британија
Во анкетата се испитани 1.592 лица, во вторникот и во средата до 21 часот, по нарачка на дневниот весник Evening Standard.

Британците одлучуваат за иднината на својата земја одговарајќи на референдумското прашање: „Дали Обединетото Кралство треба да остане членка на Европската унија или да ја напушти Европската унија?“.

Околу 41.000 избирачки места ширум Велика Британија се отворени од 7 до 22 часот по локално време, а право на глас имаат околу 46,5 милиони избирачи.

Првите резултати се очекуваат околу полноќ, а официјалните централната изборна комисија ќе ги објави во петокот наутро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top