| четврток, 6 декември 2018 |

Азаренка не игра ниту на Вимблдон

azarenka

Викторија Азаренка нема да настапи на Вимблдон поради повреда на коленото, објавија организаторите на третиот гренд-слем од сезоната.

Азаренка, која е двократна гренд-слем шампионка, беше шеста носителка на турнирот кој почнува в понеделник.

26-годишната Белорусинка претходно се повлече од првото коло на Францускиот опен против Италијанецот Карин Кнап на Францускиот опен. Таа оваа година имаше ветувачки старт на сезоната, откако ги освои титулите на големите турнири во Индијан Велс и во Мајами.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top