| четврток, 6 декември 2018 |

Ибра се прости од репрезентацијата: Доаѓам од гето Росенгард, ја покорив Шведска на свој начин

ibrahimovic

Златан Ибрахимовиќ вчера и официјално го одигра последниот натпревар за селекцијата на Шведска, со која неславно завршија на ЕП во Франција. Тој најави дека заминува од таборот на Швеѓаните, односно дека нема да биде дел од Олимпискиот тим кој ќе патува во Рио де Жанерио, со цел да се посвети на клупската кариера.

Денес Златан на социјалните мрежи објави проштално писмо во кое се прости од цела спортска јавност и навивачите кои верно го поддржуваа со години.

„Доаѓам од место кое го нарекуваат гето Росенгард. Ја покорив Шведска, ја претворив во своја држава, на свој начин, јас сум Шведска. Голема благодарност до сите шведски навивачи, без вас сето ова немаше да биде можно. Секогаш ќе останете во моето жолто-сино срце. Ве сакам“, порача Ибрахимовиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top