| четврток, 6 декември 2018 |

Кан му фаќа сеир на Роналдо (ФОТО)

Легендарниот германски голман, Оливер Кан, на својот профив на социјалната мрежа "фејсбук" објави слика на која го искоментира "селфито" на најдобриот фудбалер, Португалецот Кристијано Роналдо, кое беше направено по натрпеварот со Австрија. На овој меч "европските бразилци" одиграа нерешено 1:1

oliver kan

Воедно, поранешниот германски голман се заблагодари што современата технологија ја немаше премногу во неговото време, а поимот “селфи” не бил ни малку познат.

Кан го постираше селфито на Ронално, а под неа додаде слика што од него и начинот како бил поздравен од своите фанови во времето кога настапуваше за германскиот гигант, Баерн од Минхен.

kan ronaldo seir

Селфи со фановите, по натпревар со Австријците, малку е смешно. Фала му на Бог што во мое време ги немаше паметните телефони, напиша Кан под фотографијата.

Португалија денеска ќе го одигра последниот меч во групната фазам, против селекцијата на Унгарија, а неопходна им е победа за пласман во 1/8 финалето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top