| четврток, 6 декември 2018 |

„Британци, ако останете во ЕУ, ќе ви го признаеме голот од „Вембли“

„Драги Британци, ако останете во ЕУ… тогаш ќе ви го признаеме голот од Вембли“, објави германскиот весник „Билд“ заедно со фотографијата на која е контроверзниот гол на англискиот фудбалер Џеф Харст во финалето на Светското првенство (СП) против тогашната Западна Германија.

Харст, тогаш по продолжението во 101. минута дал гол, со што Англија повела со 3-2, иако топката се одбила од пречката на гол-линијата и излегла во поле. Потоа Харст во последната минута дал уште еден гол.

Пренесувајќи ја политиката на фудбалскиот терен „Билд“ истакнал дека Германија ќе игра без голман во следниот меч со Англија кој ќе се решава на пенали, пренесе „Ројтерс“.

Англиските навивачи ја сметаат Германија за главен спортски ривал, напоменува британската агнеција.

Во Велика Британија е во тек гласањето за останувањето или излегувањето на земјата од ЕУ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top