| четврток, 6 декември 2018 |

Кокшаров нов спортски директор во РК Вардар

Поранешниот руски ракометар Едуард Кокшаров, кој е носител на бројни трофеи и медали, е нов спортски директор во Вардар.

– Ангажирањето на личност како Кокшаров очекуваме да донесе нов квалитет на организациски план во Вардар. Ние сме подготвени да учиме и да ја реализираме секоја нова идеја што може да донесе подигање на нивото на квалитет не само во играта туку и на сите други полиња во Вардар. Нашиот клуб секогаш е отворен за искусни луѓе кои можат на  каков било начин да помогнат во реализирање на поставените цели. Едуард Кокшаров се вклопува во нашиот систем и верувам дека ќе можеме набрзо да ја видиме придобивката од нашата соработка – вели Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.

Досега Кокшаров беше главен тренер на екипата на СКИФ Краснодар од Русија.

Во својата спортска биографија Кокшаров има настапувано за екипите на СКИФ Краснодар, Пивоварна Целје (Словенија) и на Чеховски Медведи. Со екипата на Целје Пивоварна стана европски првак во ЛШ во 2004 година, а девет пати и првак на Словенија во периодот од 1999 до 2008 година.

На репрезентативен план најголемите успеси со репрезентацијата на Русија му се златниот медал на Олимпијадата во Сиднеј 2000 година и бронзата во Атина 2004 година. Како дел од СП 1997 година го освојува златнот медал со Русија, а беше светски вицепрвак 1999 година и европски во 2000 година.

Кокшаров четирипати беше дел од олстар-тимот на СП во 2001, 2003, 2005 и 2007, најдобар стрелец на СП 2001 со 61 гол, а е дел од семејството „1000 гола” за Русија постигнат на ЕП 2008 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top