| четврток, 6 декември 2018 |

Кичево цел ден без вода за пиење

Градското подрачје на општина Кичево денеска од  7 до 20 часот ќе биде без вода за пиење.

– Поради отстранување дефект во главниот цевковод од каде се снабдува градот со вода за пиење, ние сме принудени да го прекинеме снабдувањето со вода на нашите граѓани, изјави директорот на ЈП „Комуналец“ Зенел Јонузи.

Тој изрази надеж дека во текот на денот нивните екипи ќе успеаат да го санираат дефектот во предвиденото време и оти ќе се реши снабдувањето со вода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top