Денеска во Велика Британија се одржува референдум за тоа дали земјата ќе остане во Европската унија – т. н. „Брегзит“.
Гласачите ќе можат да почнат да гласаат во 7 часот по локално време. Ова ќе биде трет референдум во историјата на Британија. Во 1974 година Британците го поддржаа членството на земјата во Европската економска заедница. Следната анкета до народот беше по прашањето за изборниот систем во Велика Британија. За тоа по каков пат ќе се развива иднината на земјата ќе стане јасно по оваа деноноќие.
Според последните податоци на Изборната комисија, регистрирани се 46.499. 537 гласачи. Можат да гласаат Британци, Ирци и граѓани на Комонвелтот. Тоа значи дека Грци и Малтијци што живеат во Велика Британија можат да гласаат бидејќи нивните земји се членови и на Комонвелтот и на Европската унија. Ќе можат да гласаат и Британци што живеат помалку од 15 години зад граница. Вкупно 41.000 избирачки станици во целата земја ќе ги прифатат денес луѓето што сакаат да гласаат до 22 часа. Веднаш потоа почнува броењето на гласовите, а првите резултати ќе бидат објавени во текот на ноќта. Гласачките ливчиња ќе се бројат во 382 локални центари, вклучувајќи го и тој на Гибралтар, и сите тие ќе мора да ги објават во текот на ноќта. Првите од нив – Сандерленд во североисточна Англија и Уондсуорт во Лондон – се очекува да ги објават уште околу 12.30 часот. Поголемиот бран резултати се очекуваат околу 2 часот во петок и потоа уште еден – неколку часа подоцна. До разденување се очекуваат сите резултати и ќе се знае каде и како ќе османат и Велика Британија и Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.