| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел сака Велика Британија да остане во ЕУ

Германската канцеларка Ангела Меркел на еден ден пред историскиот референдум за прекин на членството на Велика Британија во Европската Унија изјави дека се надева на останување на Лондон во унијата.

merkel-1

Канцеларакта е оптимист дека британските гласачи ќе ја одберат опцијата останување во ЕУ.
-Се разбира дека сакам Велика Британија да остане во Европската Унија но таа одлука е на британските граѓани, изјави Меркел по средбата со полскиот премиер Беата Шидло во Берлин.

Во обид да не биде разбрана дека се меша во внатрешните одлуки на Велика Британија Меркел долго се воздржуваше од коментари за референдумот во Британија. Пред две недели таа на Британците им порача дека доколку се одлучат да заминат од ЕУ многу потешко ќе ги остварат своите трговски и други интереси затоа што нема да бидат на масата каде што се носат одлуки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top