Утревечер, 23 јуни во киното „Синеплекс“ ќе се одржи премиерата на второт продолжение на филмот „Ден на независноста“, насловено како „Нова закана“ (Independence Day: Resurgence), на кој македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х во соработка со „Uncharted Territory“ учествуваа во креирање на моделите на транспортните средства.
– Проектот се работеше во соработка со „Uncharted Territory“ во периодот од декември 2015 до март 2016, и се работеа модели на куќи, танкер и авион. На проектот работеа 13 артисти од одделот за анимација. Ако филмот „Ден на независноста“ во 1996 година освои Оскар за визуелни ефекти, со нетрпение чекам да го изгледам она што следи, нема да згрешам ако кажам дека во нашата индустрија ваквите ситуации кога треба да се надмине врвот се најинтересните за следње. И не мислам дека само за нашата индустрија е интересно, првиот филм беше филм со најголема заработувачка во 1996 година и во тој момент втор во целиот свет. Сега на пример е на 51. место, и интересна колкава е мотивацијата за целиот тим кој работеше на вториот дел, нели? Да го погледнеме резултатот на 23 јуни – изјави Кристијан Даниловски, ко-сопственик на ФХ3Х и извршен продуцент на проектот.
Дваесет години по настаните откако Земјата се соочи со напад на вонземјани и по борбата со супериорна технологија го онеспособи нападот, меѓународната заедница се вратила во нормала. Обединетите Нации го создаваат Earth Space Defense (ESD), оддел за Планетарна Вселенска Одбрана, програма за обединета глобална одбрана која служи да ја заштити планетата Земја. Тоа е систем за навремено дтетктирање и предупредување чија главна сила е во користењето на технологијата која останала од вонземјаните и кој има воени единици распоредени на Месечината, Марс и Реа, додека поранешната Област 51 е пренаменета во централа на вселенската одбрана.
Вонземјаните успеале да испратат сигнал за помош на нивните одделечени дивизии пред финалниот пораз, но откриваме дека дел од нив се кријат низ светот. По примениот сигнал за помош, вонземјаните испраќаат моќна флота, загрозувајќи го уште еднаш опстојувањето на луѓето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст