Макс Логан е 13-годишник кој конструирал уред кој создава бесплатна енергија.
Јавноста веќе го споредува со големиот визионер Никола Тесла и го нарекува негов наследник.
Неговиот изум потсетува на калемите на Тесла и работи по истиот принцип кој овој научник одамна го опиша. Она што посебно го истакнува овој уред е фактот дека е многу едноставен, собира електромагнетна енергија од земјината атмосфера и ја претвора во струја која може да се користи за напојување на електричните уреди.
Макс овој иум го смислил во работилницата на својот татко која ја претворил во лабораторија, со материјали кои ги купил за само 15 долари и докажал дека неговиот уред може да се полни низ ЛЕД-светла.
– Мојата цел е да му помогнам на светот. Сакам да изградам иднина во која сите луѓе може да бидат среќни и сигурни – изјави Макс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.