Дваесет и деветгодишниот Антал Скенџиќ од Белград, кој беше дел 0д српската верзија на реалното шоу „Големиот брат“, пред девет години ја уби својата мајка, а сега доби забрана за приближување до својата баба. Скенциќ веќе беше на робија поради убиството на мајката, сега доби забрана за приоѓање на својата баба Розалија Грегуш (79) и нејзината куќа во Лукино село, зошто ја тепал и ја малтретирал.
Во јавноста ќе остане запаметен по тоа што јавно се декларираше како бисексуалец. На Скенџиќ пресудата за физичко малтретирање на бабата ја донел Основниот суд во Зрењанин.
Розалија Гргуш физичкото и психичкото малтретирање на својот внук Антал го пријавила кај надлежните органи.
-Антал на својата баба и ја затворал устатата, ја тепал и викал на неа. Жената била исплашена, се плашел за својот живот. Повеќе не можела да ја поднесе тортурата од внукот, па против него поднела пријава. На судењето изјавата ја потврдиле сведоци, додека осомничениот негирал дека ја малтретирал старицата.
Основниот суд во Зрењанин донесе пресуда „да се воздржува од секакво дрско, злонамерно и безоѕирно однесување со кое го загрозува телесниот интегритет, душевното здравје и спокојството на бабата Розалија“.
Наместо затвор доби забрана за приближување на бабата, но и нејзината куќа во Лукино село. Доколку го прекрши законот и и пријде на бабата помалку од 200 метри, ќе биде уапсен, пренесува Блиц.
Да потсетиме, Антал ја уби својата мајка (48) со нож, ноќта меѓу 2.и 3. ноември 2007 година. На јавноста Антал и стана познат во 2006 година како учесник на првата сезона од емисијата „Големиот брат“.
Со уште 11 натпреварувачи во куќата на „Големиот брат“ помина една недела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Имаа секс во Големиот брат, раскинаа, а сега пак се заедно и ќе прават свадба
-
„Палимо“ ќе ве запали: Спејко рапува, па растура (ВИДЕО)
-
Седум години подоцна: Се сеќавате на близначките Кики и Вики од Големиот Брат, а ќе се изненадите кога ќе видите како денес изгледа Карло (фото)
-
Сестрите Тина и Барбара – садо-мазо еурокрем! (ФОТО)