| четврток, 6 декември 2018 |

САД: Само една третина од Фалуџа им е одземена на ИД

Коалицијата предводена од САД соопшти дека околу една третина од ирачкиот град Фалуџа е „прочистена“ од борците на џихадистичката група Исламска држава (ИД).

Соопштението е објавено само еден ден откако ирачките власти прогласија победа во градот, кој се наоѓа на 60 километри западно од Багдад.

Портпаролот на коалицијата, полковник Кристофер Гарвер изјави дека за останатите реони на Фалуџа се уште се водат борби.

Според него, поголем дел од „прочистената“ територија е во јужниот дел на Фалуџа и „операциите продолжуваат надвор од центарот на градот“.

Од друга страна, ирачки команданти тврдат дека 80 проценти од Фалуџа е под нивна контрола, а за време на судирите се убиени околу 2.500 џихадисти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top