| четврток, 6 декември 2018 |

Овие фотографии се сликани во рок од 12 часа, еве како и успеа!

Фитнес блогерка сподели пред и потоа фотографија од својот подуен стомак, за да ги инспирира другите жени и да докаже колку е важно да се води грижа за своето тело.

Тифани Брајен „Фејсбук“ сподели две фотографии коишто настанале во растојание од 12 часа. На едната нејзиниот стомак е толку надуен, што изгледа како таа да е веќе во поодмината бременост, како што и напишала и самата, додека на другата е потполно рамен.

Едната слика е направена навечер, пред да легне во кревет, а втората е направена наутро, кога станала.

– Луѓето често не се онакви какви што се претставуваат на друштвените мрежи. Јас само сакав да споделам со вас како изгледа еден мој лош ден, како би ви докажала дека не е секој совршен и дека е сосема во ред да имате ден кога вашето тело едноставно не соработува со вас. Не грижете се девојки, тоа им се случува и на најдобрите, порачува таа.

Тифани за својот надуен стомак го обвинила недостатокот од сон и одмор, хормоните, стресот и нетолеранцијата на храна. Исто така потенцирала дека со овие неколку нешта таа се бори со години наназад.

Истражувајќи што е тоа што ги предизвикува нејзините проблеми, Тифани открила дека најчесто се работи за некоја специфична храна или пак некаква постапка. Сепак, и понатаму се случува за таа да не биде сигурна што е тоа што и предизвикало некаков проблем.

– Прегледав сè што изедов, и сето тоа ми делува прилично здраво, но можеби се работи за нешто што јас мислам дека е добро за мене, но моето тело веројатно не се согласува. Некогаш може да станете нетолерантни на нешто што отсекогаш сте јаделе, само мора да откриете за што точно се работи. Забавна игра? Не би рекла, наведува таа.

А покрај хормоните и недостатокот од сон, Тифани забележала и дека стресот има огромно влијание на нејзиниот проблем.

– Стресот е убиец. Имам многу напорна и стресна работа којашто секој ден ме исцрпува. Ја обожувам и никогаш не би ја менувала, но морам да имам време за опуштање како би се повратила на себе си после стресниот ден во канцеларија. Јога, прошетки или гледање на омилените серии вообичаено ми помага.

Убавата блогерка потенцира дека таа во ниту една смисла не е совршена и дека не би требало да биде пример за грижа за себе си, бидејќи токму тоа е нејзина слаба точка.

– Знам каде грешам и знам како да го поправам тоа, но тоа е тешко некако да се вклопи едно со друго. Се трудам да спијам повеќе, да се опуштам и да јадам здраво (не помалку, само поздраво) и можам да видам напредок. Ќе споделувам свои слики и совети во текот на ова патување, навела таа.

Што сè советува Тифани за да се избегне проблемот со надуен стомак:

● Наспијте се!
● Запишувајте сè што јадете во текот на денот како би можеле да следите што го предизвикува надувувањето.
● Не претерувајте со вежбањето како би го решиле проблемот со надуеност, така веројатно само ќе ги влошите нештата.
● Распрашајте се за пробиотици и витамини.
● Пијте чај од нане како би го смириле стомакот.
● Опуштете се и бидете среќни. Сè ќе биде во ред, не сте сами. Ветувам!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top