| четврток, 6 декември 2018 |

ИОК: Спортистите на Русија и на Кенија на дополнителна контрола пред Олимписките игри

Натпреварувачите од Русија и од Кенија ќе мора да одат на дополнителни контроли пред да добијат дозвола за да учестуваат на Олимпски игри (ОИ), реши Интернационалниот олимписки комитет (ИОК).

Спортистите од овие држави за кои е проценето дека не се однесувале во складсо антидопинг правилата, мора да ги поминат сите тестови на ИОК па дури потоа ако добијат дозвола, ќе учестуваат.

ИОК во Лозана имаше состанок на кој беше договорен план од пет точки за да се осигураат еднакви услови за сите спортисти на ОИ.

Се додава дека пресумпција на невиноста на спортистите на овие две земји сериозно е доведена во прашање.

Портпаролот на претседателот на Русија Владимир Путин не сакаше да каже дали сите руски спортисти ќе ги бојкотираат претстојните ЛОИ во Рио де Женеиро.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top