| четврток, 6 декември 2018 |

Мората го напушта Јувентус

Заврши сагата околу тоа дали шпанскиот напаѓач Алваро Мората ќе остане во Италија и следната сезона. Спортскиот директор на Јувентус, Бепе Марота во изјава за италијанските меидуми потврди дека напаѓачот го напушта шампионот на Апенините.

alvaro-640x360

Реал Мадрид има опција да го врати Мората на „Сантиаго Бернабеу“ за 30 милиони евра, а раководството на Јувентус денес потврди дека „кралевите“ ќе ја искористат таа опција.

-Реал Мадрид не извести дека ќе ја искористи опцијата за да го откупи договорот од Мората. Во наредните денови трансферот ќе биде официјализиран“, изјави Марота.

Сепак, останува отворено прашањето дали Мората ќе остане во Реал Мадрид или „кралевите“ ќе го препродадат на некој од заинтересираните клубови во Премиер лигата. Последните информации говорат дека Реал за Мората ќе бара 75 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top