Леонид Слуцкиј ја напушти селекторската позиција на Русија по синоќешниот пораз од Велс во последното коло од групата Б на Европското фудбалско првенство што се игра во Франција. Тој им се извини на навивачите преземајќи ја одговорноста за слабиот резултат на ЕП 2016.
– Сакам да им се извинам на навивачите за лошиот фудбал што го прикажавме на овој шампионат. Ги разочаравме и луѓето кои навиваа за нас на стадионите и тие што ЕП го следеа преку ТВ. Ја преземам одговорноста, имавме доволно време да се подготвиме, да го избереме најдобриот тим, но тоа очигледно не се случи. По овој турнир сметам дека мора да дојде нов човек кој ќе се обиде да направи конкурентен тим за Светското првенство – изјави Слуцкиј по поразот на Велс.
Тренерот на ЦСКА Москва додава дека не жали што ја прифатил селекторската улога.
– Не жалам, имавме одличен квалификациски циклус и предуслов да одиграме добро Европско првенство. Сакав да пружиме максимум, но не успеавме да одиме во следната фаза.
Русија го завршува ЕП 2016 само со еден освоен бод против Англија и со два пораза, од Велс и од Словачка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст