Мајк Џексон имал голема колекција на детска порнографија во својот ранч Неверленд, стои во полициските извештаи од 2003 година, кои американските медиуми ги добија неодамна.
За време на полицискиот претрес кој следувал по тврдењето на едно момче дека светски познатиот музичар на неколку наврати сексуално го злоупотребувал, пронајдени се многу фотоалбуми и снимки кои подоцна биле користени како материјал во судската постапка.
Според полициските извештаи, само во спалната и тоалетот на Џексон биле пронајдени најмалку 7 колeкции на фотографии и снимки на кои имало момчиња во тинејџерските години, а во некои случаи и помали. Тие биле сосема голи или делумно облечени.
-Документите го разоткрија Џексон како манипулативен предатор луд за секс и дрога, кој користел крв и сексуално експлицитни фотографии од жртвување на животни и перверзен секс на возрасни за да ги натера децата да го прават она што сакал тој, вели еден од полицајците кои работеле на случајот.
Гавин Арвизо тврдеше дека кога имал 13 години и кога се борел со рак престојувал на имотот на Мајкл Џексон, каде пејачот сексуално го злоупотребувал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст