Според најновата европска статистика, за еден мсец околу 70.000 граѓани на ЕУостанале без работа. Податоците на Евростат говорат за периодот од 1 февруари до 1 март оваа година. Од март 2012 година во март годинава без работа останале дури 1,8 милиони луѓе во 27-те членки на Унијата. Вкупната бројка на невработени изнесува 26,5 милиони лица без работа, а 19,2 милиони во еврозоната, што значи дека стапката на невработеност во ЕУ изнесува 10,9 проценти, а во еврозоната 12,1 отсто.
Според Евростат во март 2013 година во Европската унија се регистрирани 5,6 милиони лица помлади 25 години без работа, односно 3,5 милиони во еврозоната, што значи дека невработени се 23,5 отсто од младите во ЕУ и 24 проценти во земјите што за официјална валута го имаат еврото. Најголема стапка на невработени млади лица има во Грција 59,1 процент и Шпанија -55,9 отсто, додека најмала во Германија и Австрија,по 7,6 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.