Неизвесно е каков исход ќе има референдумот за членство на Британија во ЕУ, кој ќе се одржи в четрток.
Според најновите анкети Британците се речиси во ист број за и против излезот на Британија од ЕУ.
Времето за уверување на гласачите да гласаат за едната или за другата опција истекува, па на стадионот „Вембли“ вечерва ќе биде одржана дебата меѓу поддржувачите и противниците на Брегзит. Кампањата за заминување ќе ја води поранешниот градоначалник на Лондон, Борис Џонсон, а за останување сегашниот градоиначалник Садик Кан, пренесува АФП.
Најновите анкети покажуваат дека исходот на референдумот е крајно неизвесен, со блага предност на противниците на Брегзит. На референдумот ќе пресудат мал број гласови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст