| четврток, 6 декември 2018 |

И тоа е возможно: Може да одите по површината на водата!

Во италијанската покраина Ломбардија недомана се појави необично, но импресивна уметничка инсталација. Станува збор за проектот „The Floating Piers” на бугарскиот уметник Кристо. Тој во малиот остров Сан Паоло, сред езеро ги поврза со жолт мост и тоа во два правци со копното и на тој начин на луѓето им овозможи на еден начин да „одат по вода“.

files

Мостот е направен од водоотпорна ткаенина и најлон под кои се наоѓаат докови кои пловат, а интресно е што во зависност од временските услови, мостот може да ја менува и бојата.

files (1)

Оваа инсталација е отворена за јавност од 18 јуни до 3 јули, а потоа како што наведува уметникот, ќе биде уништена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top