| четврток, 6 декември 2018 |

Пишев: Зошто струмичани плаќаат два пати поскапо за превоз од битолчани?

vasil-pisehev-640x355

Поминаа два дена, но СЈО, исто како и Заев, молчи за скандалот со превозот на ученици во Струмица, истакна на денешната прес-конференција Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ и запраша каде е одговорот зошто Струмица и струмичани плаќаат по скоро два пати поголема цена за превоз од Битола, која е поголема општина.

На прес-конфеернцијата Пишев објасни дека за иста дестинација со иста километража општината Струмица му исплаќа 103 денари по ученик на Струмица Експрес, а 20 проценти повеќе на фирмата Тритерол, односно 126 денари, што е очигледно фаворизирање на една фирма во однос на сите други.

За релацијата Струмица – Чанаклија – Гечерлија – Сарај – Просениково што е во должина приближно од 24 километри Општина Струмица плаќа дури 160 денари по ученик, а за исто толку долга релација од Битола до Иванчевци Општина Битола плаќа само 49 денари или три и пол пати помалку од Општина Струмица и Зоран Заев.

За релацијата Бориево – Моноспитово – Робово – Дабиле – Струмица што е во должина од 16 километри, Општина Струмица плаќа на фирмата Тритерол 118 денари, додека Општината Битола за исто толкава раздалеченост на местата Битола – Беранци плаќа 53 денари или два пати помалку од една Струмица.

За релацијата Струмица – Рич – Попчево – Раборци – Струмица што е некаде околу 37 километри  Општина Струмица на Тритерол и плаќа по 126 денари по ученик, а Општина Битола за релација со истата должина Битола -Ресен плаќа само 106 денари.

Е ова господа се вика грабеж. Отворено и јавно прашуваме како е можно нешто што Општина Битола го плаќала по една цена, истото Општина Струмица да го плаќа по двојно, тројно повисока цена. Зошто Талевски е мета на политички острел на СДСМ, а за Заев не важат законите. Каде завршуваат овие пари, зошто се разграбуваат граѓаните. И на крајот не дали, туку кога ќе биде акцијата на СЈО. Јавноста чека, рече Пишев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top