| четврток, 6 декември 2018 |

Динамо Загреб противник на Вардар во квалификациите за Лигата на шампиони

Екипата на Динамо Загреб ќе биде противник на македонскиот првак Вардар во второто квалификациско коло за Лигата на шампиони.

Ова е епилогот од денешната жрепка одржана во седиштето на УЕФА во Нион, во која македонскиот првак за противник го доби шампионот на Хрватска.
Првиот меч ќе се игра на 12 или 13 јули во Скопје, а возвратниот дуел би требало да биде седум подоцна, на 19 или 20 јули во Загреб.
Најтрофејниот македонски клуб досега има одиграно точно 50 натпревари во европските фудбалски купови, со севкупен учинок од 11 добиени, 15 нерешени и 24 загубени средби. Од нив, 15 пресметки биле во квалификациските рунди од Шампионската лига на УЕФА, а моменталниот епилог гласи три победи, седум ремија и шест порази.
Најуспешниот настап на меѓународната сцена, вардарците го имаа во сезоната 2003/04, кога по елиминациите на Бери Таун од Велс и московска ЦСКА, во третото квалификациско коло од најелитното континентално натпреварување, достојно ѝ се спротивставија и на Спарта Прага.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top