Една од одлуките која мораше итно да ја донесе Кабинетот во заминување на хрватскиот премиер Тихомир Орешковиќ за да се избегнат штети за граѓаните е именување на членови на Комисијата за бесплатно доделување странска стока.
Станува збор за храна, облека, елетрички апарати за домаќинството и друга стока што ја запленила Царината. Да не ги именувала новите лчленови,стоката би останала во царинското депо, пишува Слободна Далмација.
Според хрватските закони, странска стока, односно запленета храна, облека, возила и други потрепштини и опрема, освен на хуманитарниорганизации и институции кои се грижат за стари, изнемоштени и хендикепирани, може да им се додели на спортски клубови, научни институции и непрофитни здруженија. Комисијата има на располагање сѐ освен дрога, цигари, вино и алкохолни пијалаци.
Во арсеналот што ѝ бил достапен на Комисијата лани имало возила, камиони, автомобили, комбиња, 18 тони храна, 157 литри безалкохолни пијалаци, 95 илади парчиња различна облека, часовници, накит, компјутерска опрема, електрични и електронски апарати, парфеми, козметички срества, птики, лекови, мобилни телефони, па дури и долна облека.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст