Лепа Брена ќе го помине Велигден во Америка со синовите Филип и Стефан. Фолк дивата се радува на средбата со децата и вели дека овојпат Боба ќе ја преземе задачата да вапца јајаца.
-Традиционално со моите мажи го славам Велигден, според сите обичаи. Празничната атмосфера се чувствува тоа во нашиот дом, а вапцувањето јајца е најинтересниот дел од подготовките. Сепак, поубаво од тоа е ова што следува-сакам да вапцувам јајца, а уште повеќе сакам да ги кршам. Оваа година вапцувањето јајца му го препуштив на Боба, кој останува со Виктор во Белград, рече Брена за „Блиц“ пред да патува во Америка, каде поради школувањето сега живее нејзиниот син Стефан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.