| четврток, 6 декември 2018 |

Каде оди светов: Инвеститори им плаќаат на Германци за да им позајмуваат

pari ekonomija svet evra

Инвеститорите сѐ повеќе бараат обврзници, зашто парите кои беа уфрлени во централните банки не успеаја да ја поттикнат економијата.

Цените на глобалниот пазар на обврзници никогаш не биле повисоки, а со тоа и приносите пониски, што е, според мислењето на на анализитчарите, порака на пазарот како поттиците на центрланите банки не успеаваат да ја остварат целта.

Минатата недела приносите на 10-годишната германска обврзница (Бунд) и на 30-годишната швајцарска обврзница првпат во историјата се во негатива. Со други зборови, инвеститорите се подготвени да им платата на Германија и на Швајцарија да им позајмат пари и тоа на рок од три децении. Во петокот приносот на Бунд се подигна на 0,015 отсто.

Трендот на падот на приносто ја следи и американзата држвна обврзница, па приносот на таа должничка хартија од вредност се спушти на 1,51 проценти. Тоа е прилично блиску на рекордно нискиот принос од 1,39% постигнат во 2012 година.

Зад падот на приносите секријат централните банки чија политика на вбризгување енормни количини пари на финансискиот пазар не успеа да го подигне економскиот раст и инфлацијата, вели за Си-ен-би-си Џорџ Гонклејвс, аналитичат на јапонакта банка Номура.

-Можебитие политики не се ефикасни. Овие момци не можат да генерираат раст и да ѝ помогнат на светската економија. Мораме да купуваме обвзници, вели тој во разговор за амерканскиот медиум. Покрај британскиот референдум за членството во ЕУ странските аналитичари нагласуваат дека потезите на централните банки сами по себе станаа фактор на страв.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top