| четврток, 6 декември 2018 |

Граѓани и градоначалници се собраа пред судот за поддршка на Талески

На мирен собир пред Кривичниот суд во Скопје се собрани граѓани за поддршка на битолскиот градоначалник Владимир Талески, кому судот му одреди 30- дневен куќен притвор.

13479911_1133441796697431_660110475_n-777x437

Како поддршка за битолкиот градоначалник пред судот се и скопските градоначалници Коце Трајановски, Ивица Коневски и Петре Латиновски, а има и градоначалници од другите градови на земјава. Меѓу нив е и пратеникот Андон Чибишев.

13487450_1133440833364194_1257252569_n-300x180

На мирниот собир пристигнуваат граѓани во сѐ поголем број. Тие се распоредени на неколкиу локации околу судовите, во очекување на одлуката на Апелација по жалбата од Талески.

13514476_1133440493364228_1718775462_n-300x180

Кривичниот суд во Скопје во петокот определи куќен притвор за Талески откако СЈО ја обжали првичната одлука да му се одземе само пасошот.

13514493_1133440290030915_913103976_n-300x180

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top