Драгана Мирковиќ со години избегнува да зборува за нејзинот однос со Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Таа се труди воопшто да не ја спомнува. Пејачката во една прилика се согласи да одговори на прашање дали помеѓу неa и Цеца постои непријателство или суета.
-Јас сум оперирана од чувства на конкуренција или суета, не бев суетна ни пред 20 гоини, а не сега кога сум остварена веќе. Лугето кои ми се блиски знаат дека ми се гади од тие работи и дека никогаш не би можела да гледам некого на тој начин, вели Мирковиќ.
Проблемот во нивниот однос се јавил кога Драгана наводно искоментирала дека никогаш не би земала пари од касата на граѓаните за настапи на плоштди, како што прават многу пејачи, меѓу кои и Цеца. Најверојатно нејој само ѝ ставил зборови во уста на Драгана, а Цеца се налутила.
-Дури и да сум рекла такво нешто, ништо не сум излажала. Ако некој има нешто против Цеца, самиот нека си каже, а не мене да мести.
Без влакна на јазикот таа зборува и за еден текст кој е објавен во кој пишува дека наводно не сакала да гостува во новогодишна емисија ако учествува и Цеца.
-ТВ Хепи испрати писмо во кое пишува дека тоа е најголема глупшост и лага, но не го објави никој. Во интервјуата зборувам искучиво за себе, а не за други луѓе, зашто не е мое да коментирам. Тоа што има злонамерни новинари кои прават сензационални наслови од сѐ и сешто, тое не е моја работа. А ако се заинатам, ќе ја најдам изјавата и ќе видите дека не сум зборувала ништо против Цеца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст