| четврток, 6 декември 2018 |

Советот на ЕУ ќе расправа за политичката криза во Македонија

Советот за надворешни работи на Европската Унија денеска ќе расправа за кризата во Република Македонија.

еу

Ова е на предлог на две земји, Германија и Велика Британија.

Шефовите на дипломатија на членките на ЕУ ќе дадат необврзувачка препорака за политичката криза во Македонија, како земја кандидат за членство во ЕУ.

Дискусијата на министрите за надворешни работи на ЕУ за состојбата во Македонија се очекува да заврши до пладне, по што Советот за надворешни работи на ЕУ ќе излезе со став за случувањата во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top