| четврток, 6 декември 2018 |

И денеска жешко, но утре нема да се диши

Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала облачност, а долж Повардарието и во западните делови повремено и засилен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 20, а дневната од 31 до 37 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8

Во Скопје ќе биде топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура до 18, а дневната ќе достигне до 36 степени.

Продолжува периодот на сончево и многу топло време, особено во вторник, кога максималната температура ќе се движи од 32 до 38 степени. Од средината на неделата во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top