Ѕвездата во подем, 27 годишниот Антон Јелцин, познат по улогата на Павел Чеков во новите продолженија на франшизата „Ѕвездени патеки“, загинал во сообраќајна несреќа.
Според извештаите од САД, неговите пријатели пријавиле во полиција откако тој не стигнал на пробата закажана за недела вечерта.
Актерот, роден во Русија, го загубил животот во трагедија во својот двор. Всушност тој загинал од својот автомобил, кој се вратил наназад на патеката во дворот, приклештувајќи го актерот во заштитната ограда.
Во случајот за сега нема индиции за туѓа вмешаност, па се води како несреќа, иако не е познато што барал актерот зад возилото, кое се придвижило во тој момент предизвикувајќи му повреди кои довеле до смртта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.