| четврток, 6 декември 2018 |

Му клапна главата: Дачиќ ја предрема посетата на кинеската делегација (ФОТО)

dacic zaspa

Претседателот на СПС, Ивица Дачиќ, познат по тоа дека е ноќна птица, не успеа да ја совлада дремката и му клапна главата за време на говорот на кинескиот претседател Си Џинпинг, но и во текот на билатералните средби на делегациите иако со цела сила се обидувал да ги задржи очите отворени. Лидерот на социјалистите го преспа говорот во Палатата Србија на лидерот на една од најмоќните земји на светот.

Сонот на Дачиќ се покажа помоќен и за време на билатералните средби на делегациите на двете земји.

dacic zaspa 2

-Сите видовме како му се затвораат очите, па ќе се штрекне, па ќе се прави на Тошо, демек ништо не се случило. Долго се мачеше. Не беше забавно, сепак кинескиот претседател доаѓа по 32 години, а посетата е на највисоко ниво.

Дачиќ не сакал да го коментира своието непримерно однесување.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top