| четврток, 6 декември 2018 |

Најмалку 200 вработувања преку нова странска инвестиција

Kомпанија од Северноамериканскиот континент, има интерна одлука да инвестира во Македонија во отворање на кол-центар во кој што ќе вработи најмалку 200 лица во првиот период, а подоцна таа бројка ќе расте. Oва го најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски при гостувањето во Дневникот на „Сител телевизија“, додавајќи дека инвестицијата му ја најавил министерот Виктор Мизо.

  • Тоа ќе значи решавање на проблемот на 200 семејства во Република Македонија, 200 семејства кои што немаат вработување и кои што се фрустрирани, кои што се несреќни ќе добијат вработување, ќе добијат сигурни приходи, посигурна иднина, ќе добијат смирување, зошто секој од тие семејства имаат немир во душата и неизвесност за понатаму. Намалувањето, или завршувањето на оваа криза ќе значи уште подинамично носење на инвеститори – рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top